Нови рестриктивни мерки – Заев вели немало потреба од одговорност за задоцнетите реакции

Пред 6 дена министерството за здравство тврдеше дека нема потреба од нови рестриктивни мерки оти немале да дадатт резултат,  а сега го продолжија полицискиот час, но ги затворија и угостителските објекти, што се смени за толку краток период? И првиот човек на министерството за здравство со денови убедуваше дека немало потреба од поостри мерки.

Сега здравствените власти се правдаат, се правеле пресеци на неделно ниво, сега сметале дека треба да има поостри рестрикции..

Дали некој ќе понесе одговорност, за лошите проценки- премиерот со жесток одговор..Немало потреба од одговорност..

Кажете каква одговорност ,нема проблем еве потенцирајте Заев да си поднесе оставка, Венко да си даде оставка, кој да си даде, доктор Илир, доктор Милена, доктор Лилјана од Струмица, кој?  Кажете ја слободно оставката ако ја барате оставката. Не е проблем оставката….Дали треба јас да понесам одговорност, граѓаните кои ме поканија, институциите, не мислам дека треба да понесам одговорност и нема да понесам одговорност и нема да побарам одговорност, рече Зоран Заев – претседател на Владата

И Караџовски на иста линија со Заев.

Зошто не се побара одговорност од Борис Џонсон, Меркел? Италијанскиот премиер?“ рече Жарко Караџовски од комисија за заразни болести

А дали има простор за одговорност? Првиот човек на македонското здравство – Венко Филипче во телевизиско интервју пред десетина дена јасно посочи дека пред нас е критичната недела од третиот пик на епидемијата..

По ова се наметнува прашањето – зошто одговорните, знаејќи дека најтешкото допрва доаѓа, не воведоа веднаш порестриктивни мерки како денешните.. ќе спасеа многу човечки животи  и ќе ги поштедеа од траума илјадниците граѓани кои се заразија во меѓувреме.. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста