Минесота прва ќе бира на драфтот, стартот на новата НБА сезона може да биде во март

Лотаријата му се насмевна на тимот на Минесота и Тимбервулфски ќе бираат први на НБА Драфтот закажан за 16 октомври. Зад нив жрепката сакаше да бидат наредени: Голден Стејт, Шарлот, Чикаго, Кливленд, Атланта и така натаму. Што се однесува до првиот пик на драфтот за сега е се уште рано, но како најсериозен кандидат се споменува бекот шутер на универзитетот Џорџија, Антони Едвардс.

Во исто време се појавува опција наместо во декември новата НБА сезона да започне дури во март 2021 година. Ова би било со цел да се сочекаат погодни услови за враќање на публиката. Имам чувство дека би можеле да играме пред навивачи ако одложиме за март-вели пррвиот човек на НБА Адам Силвер.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста