Милошоски: Владата се плаши да ги искористи законските основи за да отвори истрага против Мерко, Јанева и други

Милошоски: Владата се плаши да ги искористи законските основи за да отвори истрага против Мерко, Јанева и други

Владата на ДУИ и СДСМ се плаши да ги искористи законските основи за меѓународна кривична соработка со САД и да отвори истраги против Рамиз Мерко, Катица Јанева и другите владини пријатели кои се дел од “црната листа” на официјален вашингтон, реагира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Тој додава дека Македонија веќе има усвоено Закон за меѓународна соработка во кривична материја, во чиј закон предвидена е можноста домашен надлежен орган – Министерството за правда или ЈО, да испрати замолница за соработка во кривичната материја до надлежна институција на странска држава.  Милошоски одговара на обвинувањата на СДСМ, кои го повикаа веднаш да го стави на дневен ред законот за рестриктивните мерки во комисијата за надворешна политика, но пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ посочува дека за да бидат донесени такви законски измени треба да претходи јавна расправа со присуство на експерти.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста