Мицкоски: Приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде нов клинички центар во Штип и Скопје

Мицкоски: Приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде нов клинички центар во Штип и Скопје

Здравството е во коматозна состојба, а незнаењето на власта  наместо животот што им го ветува на граѓаните, донесе смрт, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната дебата „Здравствена платформа за иднина„ на тема Концепт во здравството што се одржа во Штип. По 8мај на здравствениот систем ќе му се случи целосен рестарт. Посочи дека приоритет на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде изградбата на нов Клинички центар во Скопје и Штип.

    „Сакам да знаат сите граѓани на Македонија да ВМРО-ДПМНЕ ќе сработи нов Клинички центар, но не можеме од овој момент да кажеме дали тоа ќе биде КЛинички центар 500, 800 или една милјарда или ќе биде клинички центар којшто ќе биде во рамки на постојниот, бидејчи зависи од фискалнуиуот простор. И да Вмро-ДПМНе ќе ја заврши Клиничката болница во Штип, сигурно ви ветувам„ порача МИцкоски.

На денешната дебата Мицкоски рече  дека мора и ќе има одговорност  за сите кои во изминатиот период се богателе врз грбот на пациентите. . Освен трансформација, денеска од Штип најави поинаков пристап кон здравствениот пристап.

   „ВМРО-ДПМНЕ има јасна намера да го врати стариот начин на функционирање на Клинички центар, односно еден директор . Да нема ваков тип на дуализам, економски директор, ваков-таков директор. Тоа ќе биде политички договор . Тоа ќе биде услов. КОј сака да пристапи на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ мора ова да го прифати. Не може да биде економскиот директор од еден коалиционен партенер или здравствениот директор од друг коалиционен партнер, па тие двајцата да се надмудруваат кој е попаметен уиуили пак кој повеќе да фаворизира. Тоа нема да постои.Тоа е услов за сите оние кои чќе сакат да пристапат кон идната коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, да прифати обединување во еден клинички центар„рече Мицкоски.

  Во наредниот период новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има за задача во Македонија да ја намали корупцијата и да ја врати доввербата на граѓаните. На денешната трибина покрај Мицкоски за недостатокот на кадар и проблемите со кои се соочуваат здравтвените работници и пациентите дебатираа и еминентни доктори. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста