Менкиновски: Обвинителството го „утна“ обвинителниот акт за „Плацеви на Водно“

Обвинителството го „утнало“ обвинението за предметот „Плацеви на Водно“, а со вештачењата на одбраната се докажало токму тоа. Бранителот на македонскиот бизнисмен Јордан Орце Камчев е дециден дека на расправата детално биле објаснети сите трансакции, уплати и исплати на сметката на СИРАХ ЛИМИТЕД Белизе, во периодот од јули 2012 година до крајот на декември истата година како и датумите, износите и правниот основ на секоја уплата и исплата поединечно. Со тоа се утврдило дека ниту една од трансакциите не била направена од фирми, ниту од Груевски, ниту пак од било кое други физичко лице од Македонија.

Де факто, се утврди фактички дека воопшто она што го утврди Обвинителството, дека наводно се работи за перење на пари и прикривање на тоа перење на пари од апсект на економско- финансиско вештачење. Ние пред судот докажавме дека не постојат никакви трансфери на пари кои се инкриминирани и воопшто дека нашите клиенти се засегнати со било каква инкриминација во тврдењето на Обвинителството. Поточно, ниту постојат пари кои се господинот Никола Груевски,  ниту господинот Јордан Камчев ниту имал намера да прикрие некакви намери на господинот Никола Груевски. До еден збор Обвинителството го утнало обвинението. Во целост, не парцијално-вели Тони Менкиновски – адвокат на Орце Камчев.

Тука се отвора прашањето, вели бранителот,  на кој основ покренатиот обвинителен акт за „Плацевите на Водно“ кој очигледно е базиран единствено на „сомнение“ без никакви утврдени фактички докази досега го добиваше овој нарачан тек на настаните?

Обвинителството и делот во материјалните докази, практично нема материјални докази со кои може да го потврди обвинението против моите клиенти, ние им дадовме аргументи спротивно. На секој нивен аргумент ние по 10 аргументи, со кои се докажува дека иако имаме сосема спротивен систем во Р. Македонија, со кои докажавме дека нашите клиенти ниту имале намера ниту цел да го сторат тоа што го вели Обвинителството- вели Тони Менкиновски -адвокат на Орце Камчев.

Според адвокатскиот тим на Камчев, во било кој друг правичен правосуден систем после изнесување на ваков вид на фактички, независни и поткрепени докази случајот ,,Плацеви на Водно’’ веднаш би бил отфрлен и би се сметал за „паднат“.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста