Еден месец од крвавиот конфликт на Блискиот исток

Еден месец од крвавиот конфликт на Блискиот исток

Еден месец од бруталниот напад на Хамас во Израел, во кој се убиени околу 1.400 луѓе, на што израелската армија возврати со жестоки бомбардирања врз Газа, во кои досега загинаа над 10.000 Палестинци.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пак, во последното обраќање вели дека Израел би размислил за мали тактички паузи во борбите за да се олесни влегувањето на хуманитарна помош или излегувањето на заложниците од Газа, но уште еднаш ги отфрли повиците за примирје, и покрај силниот меѓународен притисок.

Во меѓувреме, Израелската војска го окружила северниот дел на Газа и дека зазела воен комплекс на Хамас, при што се подготвува да ги нападне милитантите кои се кријат во огромната мрежа подземни тунели.

И Израел и Хамас ги отфрлуваат повиците за прекин на борбите: Израел вели дека прво треба да се ослободат заложниците, а Хамас дека нема да ги ослободи, ниту да престане да се бори додека Газа се напаѓа.

Нетанјаху кажа дека Израел едно време би можел да управува со Газа по завршувањето на војната, иако Џо Бајден претходно му сугерираше дека би била грешка ако Израел ја окупира енклавата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста