Македонската Аја Софија пропаѓа пред очите на надлежните

Се распаѓа македонската  Аја Софија.  Објектот кој  за христијаните е црквата Св Илија, а за муслиманите Хусамедин пашина Џамија е оставен на забот на времето. Огромни камења од сводот на куполата се потенцијална закана за минувачите. Постои опасност да се откинат и да завршат во околните дворови…

   „Опасно е минат луге, можда се одроне. Стара е .Кога има ветер или други временски неприлики опасно е. Гледаме да не ги паркираме возилата во нејзина близина. Дрва никнат на неа.Треба да се исчисте .Од другата страна е полна со ѓубре„-велат револтирани граѓани ..

Долгогодишниот спор за тоа чиj е објектот дали на муслиманите или на христијаните е една од причините поради кои сега се наоѓа во катастрофална состојба. Со судско решение имотот е во сопственост на МПЦ , но како соломонско решение е одлучено да биде галериски простор. Проект за конзервација и реставрација е доставен до министерството за култура,  се чека на негово одобрување..

  •   „Целиот проект би чинел околу 500.000евра ,но ние би биле задоволни ако одиме чекор по чекор, да се заштити барем надворешниот дел , бидејќи е во навистина лоша состојба -изјави Штерјов.

И додека од министерството се чека да се одобрат средства објектот се руши пред очите на сите. Поради богата историја пред неколку години овој споменик на културата заштитен со закон беше мета и на меѓународна група на копачи на злато,кои наместо со богатство, завршија во затвор.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста