МНС го организираше најголемиот собир на македонската дијаспора во швајцарскиот град Локарно

МНС го организираше најголемиот собир на македонската дијаспора во швајцарскиот град Локарно

Со визија за сплотеност и единство на Македонците во Швајцарија, Македонскиот
национален совет го организираше најголемиот собир на дијаспората во кантонот
Тичино. Со големи цели и идеи, МНС ги обединува Македонците за остварување
на своите права.

  • „Најважни ни се овие активности кои што ги имавме овде, да бидат во текот на годината низ цела Швајцарија. Цел треба да биде секоја година, да бидеме присутни и во францускиот, и во германскиот и овде во италијанскиот дел. Со тоа нашите луѓе ќе ги сплотиме и да им објасниме зошто Македонскиот национален совет постои и што е МНС“ – Зошто постои и што е МНС и кои се активностите кои ќе ги преземе за остварување на оваа цел? МНС е политички и верски неутрална, зошто, ние со политика нема ништо се ограничуваме од политиката. Ние работиме за интересите на Македонците и Македонките овде во Швајцарија…“ – вели Илчо Китанов – Претседател на МНС.


Македонскиот национален совет веќе работи за Македонците кои заминале со
бугарски пасош во Швајцарија за подобар живот, да можат да се изјаснуваат како
Македоници.

  • „Знаеме дека во последните 7-8 години, има многу македонски државјани дојдени овде во бугарски пасош и кои се водат како бугарски државјани во Швајцарија. Целта ни е, и веќе работи со адвокатско друштво на тоа, да видиме како Македонците кои се дојдени со бугарски пасош да им биде заменет државјанството со македонско “ вели Илчо Китанов – Претседател на МНС.


Заменик претседателот на МНС, Гонца Перунковска остварува одлична соработка
со локалните власти кои се секогаш отворени да ги помогнат Македонците.
Македонскиот национален совет најавува голема соработка и на билатерално
ниво помеѓу македонските и швајцарските општини кои можат многу да помогне за
брз развој на локални ниво.

  • „Алан Шерер, беше присутен на нашиот состанок, ни даде поддршка, тој е голем поддржувач на македонската заедница. Има пријатели Македонци и некои него го поддржуваат. Наскоро ќе се случи состанок со него за некои идни проекти. Имаме поддршка и од градоначалникот Стефано Џилардо. Манифестацијата се случи во општинската зграда на Општина Муралто “ вели Гонца Перунковска – Заменик претседател на МНС.


Поддршка на состанокот дадоа првите луѓе на градот Локарно и општината
Муралто.

  • „ Јас имам многу пријатели помеѓу македонскиот народ, кои ми се многу блиски и со големо задоволство се дружиме. Тие се интегрирани на перфектен начин, како во светот на бизнисот и работата, така и во политичкиот живот. Имаме општински советници во општинскиот совет на Локарно кои се од Македонија, што претставува совршен пример за интеграција во нашето општество. Тие се во секој поглед “locarnesi” (локарнези, граѓани на Локарно) како и сите ние. На политичко ниво, имаме Македонци кои се советници во Општинскиот Совет, кои се многу блиски и учествуваат во политичкиот живот со парламентарни акти, со интерпелации, движења и иницијативи, го помагаат нашиот град во својот раст. Исто така и во деловниот свет, како и општо во социјалниот живот се многу добро интегрирани и имаме многу значајна соработка (на пример, ние како општина имаме одобрено простор на изнајмување за ресторани на наши драги пријатели Македонци). Тоа е една постојана размена на идеи и предлози кои помагаат во развојот на целата популација на нашиот град “ вели Алан Шерер, градоначалник на Локарно.
  • „ Да, ги има многу и тоа од пред неколку децении. Го цениме посебно нивното доаѓање овде, во општина Муралто, блиску до Локарно кој е еден центар, тие се помеѓу првите Македонци кои се дојдени овде. Им се допадна овде, а ние ги прифативме добро и со задоволство. Нивното присуство е многу активно и многу корисно. Се вклучија на различни полиња: на туристичко ниво, пред се во хотелиерството и овде ја разбравме нивната способност за интеграција па се потрудивме да им понудиме можност за училишта за одржување на нивните културни традиции. Како градоначалник, ја проследувам оваа политика со големо задоволство. Тие придонесуваат на различни нивоа: некои од нив придонесуваат на пример, како Асоцијација на родители; оние кои придонесуваат во животот на локалните здруженија во општината (имаме манифестации на езерото и слични за граѓаните)… Имаме исто така советници во општинскиот совет кои се веќе интегрирани во нашата група. И најпосле тие се многу интегрирани во деловниот свет: тие се големи работници и нивниот труд е многу ценет“ вели Стефано Џиларди, градоначалник на Општина Муралто.


Поддршката ќе прдолжи и во иднина за македонската заедница бидејќи во МНС ја
претставуваат и млади просперитетни луѓе кои се активни и во политиката.
Валентина Георгиевска е една од нив како општински советник во Муралто.

  • „Соработката е добра, имаат идеи за подобро нас да не интегрираат, треба ние малку повеќе да се соединиме и да ги запознаеме Македонците со правата во Швајцарија. Мора да ги запознаеме и идните генерации “вели Валентина Георгиева – Советник во Општина Муралто.
  • „Тие предонесуваат не само за интеграции, за остварување на некои конкретни проекти за Македонците, планираме и да ја интензивираме таа соработка. Сакаме да оствари и соработка на билатерално ниво помеѓу македонските општини и овдешните, да се склучат некои договори кои ќе бидат од конкретна помош. Навистина имаме голема поддршка од овие градоначалници, а во план ни е да ја прошираме и со други општини. Бидејќи знаете целта на МНС е обединување на сите Македонци во Швајцарија “вели Гонца Перунковска – Заменик претседател на МНС.


Во градот Локарно со децении функционира и македонска црковна
општина. Претседател е Трајко Ковачев, кој во разговор за Алфа се сеќава на
почетоците во 90-тите, на борба во која извојувале победа – македонска
православна црква да се отвори и во кантонот во Швајцарија кој зборува на
италијански јазик.

  • „Во првите 13 години се служевме со свештеник од ПМЦ-ОА, после 13 година имавме свештеник привремено на 6 години, а сега имаме постојано“, Трајко Ковачев – Претседател на Црковната Општина во Локарно.


Ковачев е еден од основачите на ЗМД – Здружение на македонски друштва или
сега МНС – Македонски национален совет.

  • „МНС го поддржува сите македонските друштва, а особено ги помага црковните општини. Со МНС имаме одлична соработка која се надевам дека ќе продолжи и во иднина “,вели Трајко Ковачев – Претседател на Црковната Општина во Локарно

Три децении се поминати и откако Македонците во Тичино се обединиле и за
формирање на македонски фудбалски клуб, кој и ден денеска функционира и ги
претставува македонските бои.

  • „Само пофални зборови, во клубот никогаш не се правела разлика на база на верска, национална или било каква поделеност .. “ вели Стефан Трендафилов – поранешен претседател на фудбалскиот
    клуб Македонија во Локарно.


МНС си постави голем цел за отварување пред себе – обединување на сите
македонски друштва во едно. Подршката веќе ја има, дури и прекугранично – од
Италија.

  • „Ние сакаме еднаш – засекогаш ќе има едне национален совет кој ќе ги претставува Македонците тука во Швајцарија но и во Македонија. Пораката е: сите се добредојдени, веруваме дека сите друштва и фудбалски клубови ќе се приклучат бидејќи има еден тим кој размислува европски начин кој што и е потребен на дијаспората во Швајцарија “ вели Ердован Етоски – Претседател на МАК-МЕЛ.
  • „Поддршката е секогаш тука за МНС, и јас како член се залагам за обединување, со проекти да покажеме колку сме Македонци иако не сме од Македонија“ вели Марјан Христов – МД „Смоларски“.

  • „Сакаме да соработуваме на сите полиња, во презентирање на македонската култура во Италија, да црпиме идеи од МНС во Италија. Македонската дијаспора е најбројна во Германија, Италија, Швајцарија и треба да се водечка сила на македонската дијаспора“ вели Стојан Маџов – претставник на црковна општина во Италија.

За денеска МНС да е водечко име на здружување на Македонците во Швајцарија
придонеле многу нашинци кои со години живеат таму. МНС се заблагодарува на:
Сопствениците на хотелот Дел Понте – Митко и Радмила Ѓоргиеви, кои несебично
придонесуваат во секоја прилика, за градоначалникот на Општина Муралто,
Стефано Џиларди кој секогаш дава максимална поддршка за македонската
заедница, за претседателот на црковната општина Трајче Ковачев и за Стефан
Трендафилов, долгогодишен претседател на ФК Македонија. Постхумно
благодарница доби и фамилијата на Александар Трајковски познат како Ацо
Скопскиот.

  • „Драги наши Македонци и Македонки, повикува на обедување за остварување на нашите права во Швајцарија и соработка на локални ниво. Вратата на МНС, е отворена и останува отворена за целата македонска дијаспора во Европа и светот, затоа што нашиот дом е еден а тоа е Македонија! Воедно, ја користам приликата да ви ги честитам Новогодишните и Божиќните празници со желба за добро здравје “ порачува Илчо Китанов во името на МНС.
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста