Лекарите и останатиот здравствен персонал кои што извисија за вработување се гневни и разочарани

Лекарите и останатиот здравствен персонал кои што извисија за вработување се гневни и разочарани

Разочарани, револтирани и безнадежни – здравствените работници со договор на дело полека но сигурно го напуштаат јавното здравство. Тие сметаат дека повторно се изиграни и излажани од власта затоа што, се до изборите нема шанси да добијат трајни договори за работа. Томас Тодоров кој е диплoмиран физиотерапевт вели, срамно и тажно е млад и веќе обучен медицински кадар да работи за минимали примања и без осигурување на Универзитески клиники.

На поголем дел од вработените во клиниките не им беше дозволено да излезат пред медиумите, но тие, малку, што собраа храброст да си ја кажат маката, велат после оваа лага од власта ќе бидат приморани да си бараат друга работа. Дел од нив кој со љубов си ја работат работата, загрижени прашуваат на кој начин ќе им возврати власта за тоа што со години се жртвувале за здравјето на пациентите?

Иако пред месец и половина беше помпезно најавено на прес конференција во Владата дека работата веќе е завршена и решенија ќе добијат 1117 вработени со договор на дело.Вчера, новиот министер за здравство соопшти разочарувачка вест дека вработените со договор на дело нема да добијат трајно решение до изворите. Во меѓувреме на сите повторно им се дадени нови договори и ќе продолжат да работат за 12.000 денари и без здравствено осигурување.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста