Лекари алармираат за недостиг на крв на трансфузиологија, директорот тврди дека има залихи

Има или нема крв на Трансфузиологија – дилема која одекна во јавноста по алармот на лекари дека резервите се испразнети на Институтот за трансфузиона медицина и дека пациенти токму поради тоа  се приморани да чекаат за операција или сами да се снајдат и некој з анив да донира. Наспроти ваквите тврдења, првиот човек на Трансфузиологија д-р Садула Усеини смирува дека залиха има, уверувајќи дека досега биле задоволени потребите на пациентите кои се лекуваат како во јавните така и во приватни здравствени установи.

“Се спомнува дека се повикуваат фамилии да даруваат крв, секако тоа не е дел од нашата стратегија и тоа е реакција на блиски на пациентот со цел полесно и побрзо да стигнат до крвен продукт, а притоа  ја искористуваат моќта на социјалните мрежи и на медиумите.За да појасниме, сакаме уште еднаш да информираме  дека се изготвува годишен интегрален план на крводарителски акции (преку 800 секоја година). Во услови на пандемија кога средните училишта и факултетите работеа со онлајн настава, кога вработените во повеќето  работни организации работеа од дома, притоа не можеа да се организираат планираните крводарителски акции и да се спроведува годишниот инегрален план изготвен за годината. Би сакале да потсетиме дека крводарувањето е привилегија на здравите. Во време на пандемија за жал многу наши граѓани заболеа и не беа во можност да даруваат крв.“ се вели во дописот на директорот Усеини.

Од Институтот меѓудругото појаснуваат дека заклучно со вчера имало 2052 единици еритроцитен концентрат готови за издавање и распоредени по сите трансфузиолошки единици за потребите на пациентите во болниците низ градовите на нашата земја.

Дека резервите со крв се слаби и дека ситуацијата е тензична вчера алармираше онкологот д-р Милан Ристески од приватната болница One Hospital.

„Откако почна пандемиајата крв се потешко и потешко се добива. Скоро сите мои пациенти, не можат да дојдат, како порано што доаѓаа без проблем до крв и крвни деривати. На сите им е кажано дека треба да си викнат свои роднини да даруваат крв. Е сега, за нашите ајде ќе кажеме дека е полесно, ама за странските државјани, кои што немаат роднини овде, немаат познати во државата… Не можат да даруваат крв лица кои не се државјени на Република Македонија. На тој начин, автоматски, веќе е стимулирана црната берза за крводарителство“, вели доктор Милан Ристески, онколог во „One Hospital“.

Бројни се и апалите за донации кои речиси секојдневно кружат на социјалните мрежи. И деновиве на фејсбук кружи една таква објава во која пациентка сместена на трауматологија моли за донација на крв од групата Б негатив.За случајот со оваа пацинетка од Институтот за трансфузија велат дека бараната количина  е издадена истиот ден кога и било побарано.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста