Вандализам во Струга: Кому му пречат спомен обележјата на македонските поети?!

И мртвите не можат да бидат спокојни и сигурни пред несреќите на овој народ-цитирајќи го својот татко,напиша на својот фејсбук профил синот на Анте Поповски, чија што биста беше откорната и фрлена во езерските води,токму на годишнината од неговата смрт.

-За жал, имам право да тврдам дека овој чин не е случаен. Само можам да претпоставувам кој е сторителот, но е повеќе од сигурно дека Анте Поповски бил трн во окото на вандалот или вандалите-огорчен реагира Жорж Попоски,синот на еден од најистакнатите македонски поети.Тој потсетува дека истата биста, на идентичен начин пред неколку години била откорната од постаментот и фрлена во водите на Охридското Езеро, изјави Жорж Поповски.

Вандалскиот чин на сквернавење на бистата наостро го осудија и од струшките вечери на поезијата. Бистата привремено ќе биде отстранета за да се извршат потребните технички зафати за нејзино поцврсто фиксирање на постаментот за да се оневозможат ваквите вандалски чинови.

-Вакви чинови имало и во минатото, најверојатно се работи за изолирани и меѓусебни неповрзани акти на вандализам,се сомневам дека сторителите наобој вандалски чин воопшто знаат кој е Анте Попоски воопшто, изјави Тодороски

Покрај бистата на Анте Попски,синоќа вандали се обиделе да ја откорнат и бистата на Славко Јанески ,но не испеале. Инаку бистите на макеоднските поети,меѓу кои  е онаа на Ацо Шопов,се поставени во алејата на поетите покрај кејот на реката Дрим.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста