Западен Балкан чека одговор од Словенија- што ќе донесе Самитот во среда?

Реални очекувања или лажни надежи за позитивен сигнал – што ќе донесе Самитот во Словенија за македонските интеграции? Власта која пред само неколку месеци цврсто уверуваше дека во октомври Македонија сигурно добива препорака за почнување на преговори, во пресрет на состанокот на европските челници премиерот Заев се оградува од веќе кажаното – по изборите во двете држави ќе имало шанса за тргање на бугарското вето.

Но не е само бугарското вето пречка за македонските интеграции. Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски алармира дека европските политички елити нема да замижат пред високата корупција во државата и да започната преговори под такви околности.

А бугарските власти не попуштаат. Техничкиот  премиер Стефан Јанев во изјава за тамошните медиуми порачува оти Бугарија сакала нормален дијалог, ама ни оддалеку немаат намера да отстапат од нивните црвени линии.

А македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервју за грчки „То Вима“, вели дека решението во преговорите со Бугарија треба да биде усогласено според Договорот за Добрососедство.

-Ќе продолжиме да дејствуваме конструктивно во разговорите со официјална Софија. Решението на приговорите на Бугарија треба да е усогласено со Договорот за пријателство и соработка на двете земји и да го почитува правото на самоопределување на нашата нација, како и националниот идентитет и македонскиот јазик, истакнува претседателот.

И додека македонските власти се обидуваат да оддржат позитивна атмосфера кај јавноста, новинската агенција Ројтерс повикувајќи се на свои дипломатски извори објави Декларација според која се вели дека Унијата веќе не може да ги усогласи ставовите и даде гаранција за идно членство на шесте балкански земји. Ваквите информации кои експресно беа раширени , целосно ги руши цврстите уверувања на Заев и тимот за преговарање. Според пишувањата на Ројтерст ниту на овој Самит земјите членки нема да ги откријат своите позиции

Инаку пред Самитот во Брдо Словенија, ќе се одржи состанокот на Европската народна партија, на која ќе присуствува и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицсковски, на кој европските лидери ќе ги споделат ставовите за иднината на Западен Балкан.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста