ЛЕАР отвора нов погон во ТИРЗ Тетово и најавува 1000 нови вработувања

Нов производствен погон отвора американската компанија “ЛЕАР”, во индустриската зона во Тетово.Плановите се до крајот на годината објектот да се изгради, а треба да се вработат околу 1000 луѓе. Досега во зоната се инвестирани над 40 милиони евра.

Денеска во време на глобална рецесија, кога на повеќето од бизнисите главен приоритет е како да се преброди настанатата криза, ние со заеднички напор и поддршка, преземаме храбри чекори за развој и инвестиции.Нешто кое директоно ќе придонесе за ублажување на ефектите од кризата, во насока на зачувување на постоечките и креирање на нови работни места – изјави Аки Етеми -Нормак инвестмент груп.

Директорот на Дирекцијата  за технолошки индустирски развојни зони, оптимистички најавува уште нови инвестиции.Само изминативе месеци тврди,имаат доставено иницијативи за реализација на нови инвестиции во вкупен износ од над 300 милиони евра.

Дополнителни докази, односно резултати на посветената политика на Владата во делот на поттикнување на инвестициите,домашни и странски, е и фактот  дека имавме рекорден прв квартал во 2021 година, во делот на економска активнсот во зоните – изјави Јован Деспотовски – директор на ТИРЗ.

Инаку,во постоечкиот прв производствен погон на фабриката „ЛЕАР“,се произведуваат навлаки за седишта и сродни производи за автомобили за извоз.Фабриката има 1350 вработени.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста