Владата промовира расизам, хомофобија и сексизам – објавен скандалозен речник на македонски јазик

Дигитален речник по македонски јазик полн со расизам хомофобија и сексизам промовираше македонската Влада. Во речникот врие од навреди за ромската популација во земјава. Тој содржи 100.000 зборови меѓу кои и „циганче“, „поцигани“, „циганчи се“, итн. Ромските партии и здруженија веднаш изледоа со остра осуда за новиот речник. Според претседателот на народната партија на Ромите, Геге Демировски, во овој речник има скандалозни Навредливи зборови на адреса на Ромите во Македонија.

  • Дигиталниот Толковен речник на македонскиот јазик, кој од денеска е достапен на платформата „makedonski.gov.mk“ која Владата ја промовираше по повод Денот на македонскиот јазик, содржи 100.000 зборови, но меѓу и „циганче“, „поцигани“, „циганчи се“, „циганштија“ и „циганштилак“, реагира Демировски.

Тој ги повика сите Роми кои се дел од парламентарното мнозинство и коалицијата на Зоран Заев, веднаш да ја напуштат поради големите навреди кон нив. Притоа и даде 24 часа на Владата да ги отстрани овие скандалозни зборови, а доколку тоа не се случи вели дека ќе ги крене сите Роми ширум Македонија и Европа на нозе.

Инаку, покрај контроверзните зборови поврзани со ромите, постојат и други навредливи зборови за сексуалните работнички, како и за лицата со хомосексуална ориентација.

Од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ велат дека ќе ги повлечат навредливите зборови, чија појава и толкување предизвика револт и најава за протест кај ромската заедница.

Во меѓувреме, граѓанската иницијатива „Аваја“, која има за цел да ги промовира интересите на Ромите, соопшти дека стапиле во контакт со Владата па им било ветено дека навредливите зборови ќе бидат отстранети од “Толковниот речник на македонскиот јазик“.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста