Корона вирусот влезе и во охридскиот Основен суд

Ковид-19 влезе и во охридскиот Основен суд-опасниот вирус е дијагностициран кај едно лице вработено во шалтерската служба,а се чекаат резултати за уште други двајца колеги на заразеното лице.И покрај тоа што во шалтерската служба има 12-тина вработени кои катаден контактираат не само со судската администрација туку и со голем број странки,судот и шалтерската служба каде вработените се на многу блиско растојание, денеска работеа. Од Центарот за Јавно здравје велат дека даваат препораки и насоки, а судот е тој што треба да одлучи какви чекори ќе превземе.Претседателот на судот Вулнет Вунца за Алфа вели дека ќе ги почекаат резултатите и од сомнителните случаи, по што ќе донесат одлука дали ќе се затвори шалтерската служба или евентуално целиот суд.

Охрид се соочува со трицифрен број на заразени,но и крајно недоговорни луѓе-велат епидемиолозите.

Несовесни, не ги почитуваат мерките,одат без маски, незаштитени, се групираат, прават собири најразлични и тн што е недопустливо – изјави Сашо Точко од Центар за јавно здравје.

Коронавирусот е дијагноститвиран и кај медициска сестра во гинеколошкото одделение при охридката општа болница-информацијата ја потврди и директорот на здравствената установа.

Ние имаме една акушерка која позитивна, не знаме на кој начин се инфицирала меѓутоа за секој случај сите колешки од акушерскиот дел направивме тестирањасите се негастивни – изјави др. Горан Балев – директор на ОБ Охрид.

Инаку неодмна позитивна на коронавирус била пациентика која со царски рез била породена на гинеколошкото одделение,а првите симптоми ги појавила после неколку денови.Таа веднаш била изолирана, ниту една од родилките кои биле во иста соба со неа, не се заразиле.Никој не може да каже дали медицинската сестра се инфицирала од родилката-вели доктор Балев.

Во Струга пак неколку денови беше затворен детскиот диспанзер во рамки на Здравствениот дом,каде се носат најмалите бебиња, бидејќи една медицинска сестра е заболена.Се заразила од синот,чиј позитивен корона тест, ја затвори општина Струга.

ОЈО по допрен глас оформи предмет за кластерот  “ мекици”, и се прибираат податоци од Центарот за јавно здравје,СВР Охрид,Дражавен и здравствен испекторат за тоа каде, кога и како  била организирана веселбата,по што можеби некој ќе заработи прекршочна или кривична пријава.Од веслебата на која имало200 луѓе, со ковид -19 се заразија 21 лице.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста