Коцарев: Реформите иако потполно бесмислени со несогледливи штетни последици за младите продолжија да се исплементираат

Несогледливи и штетни последици за младите допрва ќе донесат бесмислените реформи – на адреса на Министерството за образование и наука повторно пристигнаа критики за дигитализацијата, новата концепција, промената на учебниците од првиот човек на Македонската академија на науките и уметностите. Највисоката научна институција МАНУ е загрижена и бара да се одземат ингеренциите на МОН поради начинот на кој беа спроведени  образовните реформи.  

МАНУ и сите образовни научни институции јасно и гласно искажаа недоверба во реформите во образование чуму кога реформите иако потполно бесмислени со несогледливи штетни последици за младите продолжија да се исплементираат. Предлагам, да се одземат ингеренциите на МОН за изготвување и спроведување реформи – истакна претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев.

Пред да бидат целосно обезбедени услови, се спроведе дигитализација и се забрани печатење на учебници за четврто одделение. Освен тие 20% од вкупниот број потребни книги за оваа генерација кои ги дистрибуираше Министерството до училиштата, повеќе учебници не смее да има, а МВР во координација со МОН ги „лови“ книжарниците кои незаконски продаваат комплет книги за четвртоодделенците. Изјавата на Царовска, која кажа дека секој родител кој му наметнува печатен учебник на своето дете му прави штета предизвикува бура реакции. Се огласи и синдикатот за образование кој критикува и предупредува да не се прават притисоци:

„Државата треба да обезбеди услови и да не врши притисок ваков врз родителите кои што како и сите родители сакаат нивните деца максимално да се стекнат со соодветни знаења кои што се предвидени за нивната возраст. Од таа причина мислам дека навистина малку треба да се спушти топката во овој однос и попрагматично да се реши овој проблем“, вели претседателот на СОНК Јаким Неделков.

За проблемите во образованието, недостатокот на учебници, незаконското печатење,  министерката Царовска, денеска одбиваше конкретно да одговори:

Стручните лица алармираат дека изминативе години многу често се прават експерименти во образованието и со брзање се прават катастрофални грешки кои не враќаат децении назад. Сепак, оправдувањата на министерката се секогаш во иста насока – реформите биле највисок интерес на учениците.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста