Ќе си почекаме за пасоши, но и за другите лични документи

Заради „Северна Македонија“ нема да имаме нови пасоши. Барем не за скоро. И не само пасоши, ќе немаме и сообраќајни и возачки дозволи, ама и лични карти. Техничкиот министер вели дека, машините во МВР не се оспособени да печатат пасоши со „Северна Македонија“, зашто имало хардвер ама не и софтвер. Штетите ќе се ублажуваат со формирање комисија со задача да  одобрува пасоши за итни постапки.

Во отсуство на политичка волја кај Владата, јас на ниво на Министерството за внатрешни работи формирав комисија. Во комисијата имаме вклучено и медицинско лице – доктор и приоритетза решаавање на барањата ќе имаат оние лица што имаат ургентни медицински потреби. Ги повикувам граѓаните сите ургентни барања за издавање патни исправи да ги достават до подрачните единици…., вели Чулев.

Чулев го лоцира проблемот во немањето политичка воља за решавање.

Владата има модалитети како да го реши овој проблем, отсуствува политичка волја. Пак ја користам оваа прилика да ја повикам Владата во интерес на граѓаните да седнеме и да го решиме проблемот кој веќе е на ниво на држава и е алармантен, истакна тој.

Граѓаните разочарани, велат со вакво нешто никогаш не се соочиле. Ускратено им е уставнбото право да извадат лични документи без кои не можат слободно да се движат.

Министерство за внатрешни работи вчера објавило оглас преку електронскиот систем за јавни набавки. Во тендерот пак стои името Република Македонија, што може да биде причина Владата да го поништи тендерот, грижејќи се за евентуално исполнување на Преспанскиот ама не и за уставните права на своите граѓани.

Чулев за проблемите го обвинува Спасовски, покрај хаосот со личните докоумети, тој вели дека Спасовски ја попречува работата на техничката влада и нелегално поништува одлуки.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста