Ќе биде ли потребен план “Ц” за згрижување на ковид болните во Штип?

Драматична станува состојбата на штипска Инфектологија. Речиси пополнет е капацитет и во проширеното одделение, на  кое од минатата недела наместо пациенти со мозочни удари , се хоспитализираат пациенти инфицирани со корона. Во моментот, таму се згрижени 48пациенти. Според официјалните податоци, инфективното одделение располага со 35 , а со преадаптирањето на невролошкото , на располагање имаат уште 15.  Кој ќе биде следниот чекор, доколку и овој капацитет се исполни нема конкретен одговор. Молк од регионалниот Ковид центар. И покрај нашите напори, , не успеавме да добиеме одговор од директорот Ален Ѓеоргијев, на прашањата  дали  болницата има план Ц, односно, каде ќе се примаат нови пациенти, доколку и овие болнички кревети се пополнат . Недостапен за коментар беше и државниот секретар за здравство Владимир Милошев, кој претходно работеше како специјалист во штипската болница. Неофицијално, надлежните засега  се надеваат, дека ќе се испишат пациенти кои успеале да се изборат со вирусот, а доколку се јави потреба, ќе се поставеле дополнителни кревети во болничките соби..

И додека надлежните се надеваат дека недостатокот со болнички кревети ќе го решат со испишување на пациенти, бројот на инфицирани постојано расте. Само денес во штип се регистрирани 10новозаболени, а не стивнува бројката на заразени и во Свети Николе и Пробиштип каде поради ширење на заразата се затворени  фабрики.

 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста