Како министерството за култура делело пари за проекти од национален интерес?

Како министерството за култура делело пари за проекти од национален интерес?

Техничка грешка било причината за тоа  што Интернационалниот детски фестивал„Битолино„ бил изземен од овогодинешната програма за култура. Пари биле предвидени, но ситемот  го исфрлил проектот. Колкава сума ќе добијат дополнително ќе бидат известени. Вакво оправдување , но и извинување од ресорното министерство  доби Васко Мавровски, директорот на Битолино, откако вчера јавно реагираше дека ги нема во Националната програма.

   „Приказната со системот воопшто не ми е јасна, а уште понејасно ми е што не можеа да ми ја соопштат одобрената сума, ќе ми се јават дополнително во понеделник. Јас правев анализи на тоа што е објавено. Таму конкретно пишува дека се одобрени 15проекти со конкретна сума до денар.Така да имам голем соменеж во тоа дека системот го исфрлил „Битолино. Тоа е нешто слично со приказната за кабелот во тетовската Болница, тоа се илјадници други приказни што ги слушаме последните шест години и за жал јавните реакции не кај секого врват„ изјави Васко Мавровски, актер и директор на ИФДТ„Битолино„.

Реакциите и понатаму не стивнуваат. Државни пари во висина од 1,800.000 денари доби  Албанскиот театар  за реализација на Фестивал на албански театар „Моисиу„ во Приштина, Косово.  Уметниците реагираат дека парите се видно намалени од претходната година. Огромни средства се одобрени на анонимни лица и здруженија, на сметка на реномирани фестивали, манифестации и државни институции кои добија буџети само за да преживеат.

 Ваквото прераспределување на државните пари е само призборен поткуп и начин да се создадат уметници кои потоа нивната креативност ќе бидат искористени во политичката кампања, смета Мавровски

  „ Ова е чисто предизборен пазар со уметниците. Пак ќе потенцирам не сите кои добија проекти се занимаваат со уметност. На пример последното што го видов, да се финансира фистивал во Косово мислам дека ги надминува сите граници на нормалното и разумното„ рече Мавровски.

 Годинава за Ристо Шишков се одобрени помалку средства од лани, за Чернодрински 4милиони денари, за „Галичка свадба„ 1милион, а за Фестивалот „Кенге Јехо„ во Струга 1.900.000 денар. Од Министерството за култура потенцираат дека во моментот следи 15дена период на жалби, па сите незадоволни уметници можат да ги обжалат решенијата. 

https://www.youtube.com/watch?v=mzqzzO_oyVw

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста