Инспекторите влегоа во струшката градиника – се потпишувале договори спротивни на законот за работни односи

Скандалот со струшките негувателки кои и по 18 години работеле со договор на дело за мизерна плата од 10.000 денари не стивнува.По извршениот вонреден инспекциски надзор во градинката „8 Март“-Државнот трудиов инспекторат открил дека спротивно за законот за работни односи биле потпишувани договорите на дело кои ги склучивале не само негувателките туки и други ангажирани лица како хигиеничарки, садомијачки и вoспитувачки.

” При надзорот се презентирани договори на дело склучени со 21-но лице, на работни места негователи, воспитувачи,садомијачи, хигиеничарка. Договорите се склучени во 2023-та година согласно одредбите на законот за облигационо право. Во јануари 2024-та овие лице не вршеле работа кај работодавачот.Во 2024-та, не се склучени договори на дело.Законот за работни односи во член 252 пропишува дека може да се склучат договори на дело,но кои се надвор од дејноста на работодавачот,а со кои се врши самостојно извршување на физичка или интелектуална работа.Потпишаните договори на дело се спротивни на член 252 од ЗРО” велат од Државниот трудов инспекторат.

Раководството на градинката доби опомена од трудовиот инспекторат да престане работно да ангажира лица спротивно на законот и во наредниот период да спроведува постапки со кои лицата ќе се вработуваат согласно законот за вработени во јавниот сектор.

Во меѓувреме и покрај тоа што негувателките не го добија толку очекуваното решение за работа, го прекинаа бојкотот и се вратија во градинките. Дека нити локалната нити централната власт со години немале намера да им го решат егзистенцијалниот проблем, говорат информациите од министерството за труд и социјала.Измината година раководството на градинката барало вработување на само 5 негувателки, а нив ги има 21-на на број.

”  Во текот на 2023 година,од градинката „8 Март“-Струга доставиле барање за обезбедување на финансиски средства за вработување на една виша медицинска сестра, 5 негуватели,еден воспитувач, како и за унапредување на едно лице на работно место-воспитувач.На 26.04.2023-та, министерството за труд и социјална политика се обратило со барање до министерството за финансии,но од таму е добиен одговор дека не може позитивно да одговори на барањето без изнесување на причините за таквото образложение” – велат од Министерството за труд и социјала.

Со залагање на техничкиот министерЃоко Велковски, за почеток се обезбедени сретства за неколку вработувања.До тогаш неизвесно е за колку пари ќе работат негувателките.Платата која што ќе ја добивале како и условите за работа ќе биле согласно финансиските можности на градинката–стои во соопштението го испрати директорката Сања Србовска.Таа не одговори на прашање дали е точно дека на негувателките им е ветена плата од 9 до 15.000 денари.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста