Како да се преживее месецот-ССМ пресмета дека синдикалната кошничка изнесува 56.522 денари

Како да се преживее месецот-ССМ пресмета дека синдикалната кошничка изнесува 56.522 денари

Речиси 1000 евра се потребни за едно четиричлено семејство да преживее во Македонија . Оваа сума е пресметана под претоставка дека тоа семејство жживее во Скопје во сопствен стан од 60 метри квадратни купува облека на попуст , ги купува само основните прехранбени производи, само два пати месечно може да си дозволи хамбургер , а не може да јаде во ресторан.  ССМ ја објави новата методологија за синдикална кошничка која има 11 ставки за разлика од претходната која имаше седум , а изработена е за да се добие пореална слика на денешната состојба.  

Според податоците, само за храна месечно се трошат пари колку што изнесува минималецот . 20 730 денари се потребни за да се купат основни прехранбени производи. Синидакот пресметал дека еднаш годишно ќе може просечното македонско семејство да купи кошула и обувки за едно дете, а одењето на фризер или бербер станува лукусз.

Според ова едно семјетво во кое само еден од родитрели работи и зема просечна плата, може да помине само пола месец.  За преживување според пресметките во едно смејетво треба да влегуваат една просечна и една минимална плата.

Новата методологија доаѓа откако претходно од власта беше порачано оти синдикатот не ја правел добро пресметката .

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска кажа дека се радувала на новата пресметка и верува дека ќе им помогнела во преговорите со синдикатите.

Сепак , Тренчевска како владин претставник не ја проследи презентацијата до крај, зошто морала да присуствува на друг настан , па немавме прилика директно да ја прашаме дали платите и пензиите на македонските граѓани се достоинствени и како се чувствуива кога најголем дел од нејзините сограѓани немаат ниту за крпен живот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста