Каде се хеликоптерите што Заев им ги вети на граѓаните во 2019-та за итни медицински потреби?

Пилотите и леталата кога летаат и те како треба да бидеме рационални. Никој не ме прашува сакам или нејкам, некој пат и морам, можеби сум против или имам страв од летање со хеликоптерот или слично…рече Заев.

Може премиерот се плаши од летање ама во Прилеп слета со хеликоптер, и тоа не било прв пат да лета со истиот си призна дека 3-4 пати летал ама службено. Ем да заштедел време оти имал набиена агенда, но и поефтино било, а како и да е морало леталата да поминат одредени часови во воздух по стандард.

Хеликопретор троши помалку пари од Заев и двете коли пред него и зад него да одат до Пилеп и да се вратат-рече Зоран Заев – претседател на Владата.

Правдајќи се зошто летал со државно летало, не заборави да ја нападне минатата власт, Груевски летал до Грција гледал плацови. Премиерот експресно беше демантиран од екс претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста, но и дел од аналитичарите  реагираат, во време кога луѓе умираат по дома од внатрешноста на државата, зошто потребните часови на леталата не се користат за пренесување на пациенти во болниците. Особено ако се земе предвид фактот дека во 2019тата година Заев се пофали на социјалните мрежи дека две летала ќе се користат за брзата медицинска помош.

Ниеднаш не слушавме дека некој од армиските, полициските хеликоптери се користат за такви потреби. Само од Прилеп има над 300 пациенти кои за жал починаа од корона, ниеднаш не чувме дека некој од нив бил итно пренесен во Скопје за лекување-рече Цветин Чилиманов – новинар.

Ваквото однесување на премиерот и функционерите околу него, Чилиманов го карактеризира како неизживеаност. Вели сведоци сме биле на фотографии како Заев се шета со мотори, тера off road тури по Беласица, но не очекува дека бурната реакција на народот нешто ќе промени во однесувањето на Заев.

Следниот пат од Заев черкам глисери во Охрид или подморница уште да набави, како тргнал…рече Цветин Чилиманов – новинар.

Граѓаните се револитрани што Заев се вози со хеликопери додека во време на пандемија кога двоцифрен број на луѓе умираат секојдневно, се уште нема доволен број на квалитетни и функционални возила за брзата помош.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста