Без кампања почнува вакцинацијата со поголем обем во Македонија

Близу 100 починати од ковид-19 за само 48 часа во Македонија. Драматичната слика со преполни болници продолжува – вкупно 1.739 пацинети се на болничко лекување во ковид центрите низ земјава.А само во последото деноноќие хоспитализирани се 65 нови пациенти  – загрижува што многумина од болните се со тешка клиничка слика. Бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава е повеќе од двојно поголем од бројот на вакцинирани. Досега, само 9664 лица се имунизирани,  додека активни случаи има повеќе од 21.500.

Според голем дел од лекарите доцнењето на вакцините чини  многу изгубени човечки животи.Микробиологот Пановски предупредува дека најлошото е пред нас – кон 20-ти април ќе имаме пик од над 60 починати на ден.Но јавноста прашува до кога вака? Иако анкетите покажуваат дека само 50% од граѓаните би се вакцинарале,  здравствените власти не направија кампања за вакцинација , за да се зголеми довербата кај граѓаните во вакцините. Ниту еден државен функционер јавно не прими вакцина по теркот на многу држави во светот, каде што дел од политичарите први ја примија анти-ковид вакцината. Добро осмислена и аргументира кампања, секако ќе им помогнеше на македонските граѓани, да ја препознаат вистината, во огромниот број на информации и дезинформации што секојдневно се шират на интернет.

Од утре почнува вакцинација во поголем обем со руската вакцина во А1 Арената – Борис Трајковски.Според најавите на здравствените власти утре дури 3.000 лица ќе излезат од спортскиот центар со примена доза на Спутник В.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста