Ивермектин и Клексан нема во аптеките – надлежните смируваат ќе нарачаат поголеми количини

Уверувањата дека Ивермектин и Клексан има во доволни количини во аптеките се различни од сликата на терен. Таа го покажува спортивното. Освен што граѓаните на социјалните мрежи очајно ги бараат овие два лека и Алфа направи проверка во неколку ланци на аптеки во главниот град. Фармацевтите велат оти Клексан нема повеќе од два месеци, додека за Ивермектинот голем дел досега  воопшто и не е донесен, само одредени аптеки го имале набавено. И количините што тие ги имаат се малку. Нова достава на Ивермектинот аптеките очекуваат до петок. 

За недостигот на Ивермектинот и Клексанот кои се потребни за лекување од Ковид-19 алармираат и матичните доктори.Освен што ги нема, дополнително загрижува велат матичните  што се уште немаат прецизни насоки од здравствените власти по кој протокол да се препишува Иверкемтинот.

“Проверете еве пак дали јас или министерот лаже, побарајте Ивермектин во аптеки!Уште пострашно е што Clexane ниту Fraxiparine нема веќе 2 месеци, а замената Xarelto не е на позитивна листа најверојатно само кај нас од цела Европа. Луѓе умираат од тромботични инциденти во недостаток на терапија, криминалци едни!”напиша д-р Ненад Лазаров на социјалните мрежи.

Од Малмед смируваат – Ивермектинот се нарачува во мали количества затоа што има недостиг и на светскиот пазар.

Кога ќе бидат достапни во поголеми количини Ивермектинот и Клексанот останува непознато. Истовремено, трката на граѓаните да стигнат што побрзо до овие два лека и натаму продолжува…

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста