Инцидент во М-НАВ: Насилници упаднале во зградата и нападнале вработени

Инцидент во М-НАВ: Насилници упаднале во зградата и нападнале вработени

Скандал во просториите на македонската навигација. По пресконференцијата на синдикатот на кое беше обелоденето што се случува со вработувањата во институцијата, неколку лица влетале во објектот и нападнале контроли на летање.  За ова на социјалните мрежи објави првиот синдикалец на македонската навигација, Александар Тасевски.

Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија и е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект .

Овој акт на насилство не само што претставува закана за секој еден професионалец во контролата на летање туку и за безбедноста во авијацијата кога секој еден може од надвор да влезе во објектот и да нападне вработени кои во тој момент извршуваат работни обврски“, пишува Тасевски.

Неофицијално, станува збор за лица од скопски Чаир кои се поврзуваат со ДУИ. Тасевски  вели дека случајот е пријавен во полициска станица Петровец, а информирани се и министерот транспорт и врски и министерот за Внатрешни работи.

Претходно, на прес конференција  од синдикатот информираа дека најмалку 20 до 30 луѓе,  контролори на летање и техничари ќе почнат со депонирање на оставки, и со повлекување од работните проекти настрана од петте инженери и раководители кои на 31 декември си поднесоа оставка. Сослушувањње во полициска станица на првиот синдикалец на македонската навигација, Алекандар Тасевски, не ги заплаши вработените да најават и можен генерален штрајк и целосно затварање на воздушниот сообраќај во земјава . Синдикатот побара вклучување на трудовата инспекција, и антикорупциската комисија како и сите други надлежни институции. Причините кои доведоа во ваквата состојба во М-НАВ се контроверзни одлуки за вработување во оваа компанија.

За да се покаже дека веќе е крај, не може да се продолжи на овој начин, ако мислат директорите дека можат да вршат притисоци спрема вработените со овој начин на вработување, нека продолжат да работат сами, ако се способни за такво нешто“, изјави Тасевски

Синдикатот доби поддршка и од Здружението на контролори на летање.

„Жално и срамно е што покрај сите заложби кои се во насока на обезбедување на највисоко ниво на услуги во воздухопловната навигација, директорите на М-НАВ решаваат на ваков начин да вршат притисок врз Претседателот, членството на Синдикатот, а со тоа и врз сите Контролори и помошници контролори на летање, чие единствено барање е нормални услови за работа во секоја смисла, за да можеме да ги постигнеме целите кои ни се доверени како чувари на нашето небо“, се вели во соопштението од Здружението.

Додека техничкиот персонал во М-НАВ обвинува за партизација и вработување на нестручен кадар и поништување на последниот оглас, директорот на компанијата Фахрудин Хамиди вели дека целиот процес бил согласно закон.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста