Имавме датум за датум, а сега имаме одлука за датум – кога конечно ќе го видеме датумот?

Додека се чека формалната одлуката на ЕУ за почеток на преговорите со Македонија, уште лебди прашањето дали пак станува за датум за датум. Одлука има, но прецизен датум кога би започнале преговорите се уште не. Власта се пофали за датумот, ама ни самите не знаат како тоа ќе се изведе.

Поради пандемијата таа одлука кога ќе се одржи не може да се каже бидејќи целиот свет, па и ЕУ живее во вонредни услови. Остваривме огремен успех со тоа што успеавме да добиеме одлука која што не можевме да ја добиеме 15 години. Очекувам дека многу брзо ќе бидеме подготвени со преговарачките тимови, прашање е како ќе се справиме со пандемијата за да можеме да работиме во нормални услови, рече на прес конференција вицепремиерот Бујар Османи.

Марија Ристевска од Центарот за истражување и креирање политики за Алфа вели дека е нејасно како може советот на ЕУ да се состане онлајн, а меѓувладината конференција за почеток на преговорите со Македонија, не. Ако судиме според примерот на Србија и Црна Гора тие не биле во сиуација да немаат конкретен датум. Со други зборови одлуката за почеток не значи и датум.

Во самиот факт што и во самата комуникација на официјалните лица во ЕУ, Вандерлаен, Борел го користеа терминот win win ситуација, каде се носи одлука за отпочнување на преговорите која за Македонија е неопходна, а и се очекува веќе 10 години, но во исто време се даваат 15 дополнителни услови за Албанија со што се одговара на ставовите на членовите на ЕУ, во однос на подготвеноста на Албанија, но во исто време несогласувањето да се делат земјите. Претпоставувам дека ваквата формулација е тоа вин вин сценарио на Унијата, да се даде датум за преговори кога ќе бидат исполнети сите услови кои што ги очекуваат, вели Ристеска.

Прашањето е како лидерот на владејачката партија честита датум а таков заклучок нема од Брисел.

Помалку чудни се и изјавите на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој завчера рече дека Македонија конечно започнува преговори за членство, а пак Вчера пак за радио слободна Европа рече дека очекува годинава да започнат претпристапните преговори. Јавноста веќе се шегува на сметка на новото славење, потсетувајќи се на фотографијата од авион со која датумот беше славен ама бројки никогаш не добивме.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста