Се воведува полициски час во Унгарија

Од утре во Унгарија  ќе биде воведен полициски час кој ќе трае до 11 април, а граѓаните ќе можат да ги напуштаат домовите само поради одење на работа и подмирување на основните потреби најави денеска премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Тој исто така изјави дека продавниците и аптеките ќе бидат отворени секој ден од девет до 12 часот само за лицата над 65 години, а за другите граѓани нема да биде дозволено купување во тој период.

Од понеделник со сите унгарски болници ќе управуваат така наречени команданти, кои ќе ги именува Владата наведува Орбан.  Лекарите и понатаму ќе одлучуваат за медицинските прашања, но командантите ќе бидат задолжени да надгледуваат дали се придржуваат до владините епидемиолошки мерки, посочи Орбан.

Тој додаде дека униформираните команданти ќе бидат задолжени за резервите и за управување со персоналот.

Унгарија досега има 300 заболени и 10 починати од КОВИД-19.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста