Суперхерои и принцези, маскирани деца го одбележаа Денот на шегата во Скопје

Суперхерои и принцези, маскирани деца го одбележаа Денот на шегата во Скопје

Под слоганот „Маски, смеа рингишпил, дојди во Шеговил“, општината Кисела вода организираше голема забава, а пред салата „Расадник“ беше поставен и забавен парк со разни реквизити, а најмладите беа забавувани и со кловнови и аниматори. Имаше и посебен музички дел за кои беа задолжени најмладите од детскиот фестивал „Поточиња“.

Градоначалникот на Кисела вода Орце Георгиевски рече дека ова е настан кој и недостигаше на општината со години наназад.

„Од оваа година како и изминатите две години многу настани што ги возобновивме, што создадовме една нова приказна за општината, од оваа година заедно со мојот тим решивме и за нашите најмлади го вратиме духот за 1 април, нешто што практично и немало во Кисела Вода вакво случување долги години, а изобилуваме со многу дечиња, на нашава територија така што сметаме дека треба да организираме еден ваков скромен настан. До се надевам дека понатака ќе продолжува оваа манифестација да се одржува, за најмладите има и бесплатен рингишпил, своја забава приредуваат и поточиња, така да ќе биде доста интересно“, рече градоначаланикот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Во Кисела вода се организираше и натпревар за најдобра маска, а награди добија три дечињата чии маски беа избрани за најдобри годинава.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста