Храна ќе има, но дали ќе може да си ја дозволиме?
Воениот конфликт помеѓу Русија и Украина ја влоши кризата со безбедноста на храна,нагласувајќи го ризикот од зголемена несигурност на основите намирници кои се пласираат на пазарите во земјава и регионот.Кога станува збор посебно за основите намирници Македонија зависи од увозот,ова ја неметнува дилемата -знаеме ли што јадеме и од каде се носи храната која завршува на рафтовите во продавниците? Од Агенцијата за храна и ветеринарсто уверуваат дека ги засилиле контролите на се што се увезува од надвор.
Храната ќе ја имаме,меѓутоа може да се случи народот да биде гладен поради високите цени рече Николче Бабовски-дир.на Агенција за храна и ветеринарство.
Како што све сведоци, секаде има пораст на цените на храната,но штом ќе се појави недостаток на одреден производ се појавуваат и нови пазари од каде тие производи можете да ги набавите и тогаш поинтензивно ги контролираме сите тие пазари , сите оние држави од каде традиционално не сме увезувале прехрамбени производи – рече Владимир Џаковиќ-Дир.на Управата за безбедност на храна и ветеринарство.
Во пресрет на Велигденските празници македонските инспекциски служби вршат контроли и на јајцата кои делумно ги увезуме од надвор, а ги плаќаме по баснословни суми. Скапо е јагнешкото месо,чија цена вртоглаво расте од ден во ден.
Значи кога зборуваме за цената на прехрамбените производи од животинско потекло, пред се’ свесни сме дека цената на храната за животни на светските берзи е тројни зголемена, тука е еден дел одговорот на вашето прашање, а другиот дел е и зголемената побараувачка, бидејќи оваа година нашите трговци немаат проблем во пласман на јагнешкото месо рече Николче Бабовски-дир.на Агенција за храна и ветеринарство.
До сега 140.000 јагниња се извезени и завршуваат на трпезите во Италија и Хрватска.Од Агенцијата за храна и ветеринарство не ја исклучуваат можноста да дојде до недостаток на основни намирници кои ќе се продаваат скапо, затоа аплираат земјоделците да го искористат повикот за нови концесии на земјоделско земјиште и да обезбедат клалитетна храна за нашите трпези.Овие кризи за храна во Европа се решавата со производство на пченица на друго место во светот ,што е одлична можност за Македонија која има исклучително плодна почва, да профитира.
Росица Голабоска