Грчкото вето за Албанија е пример што може да очекува Македонија од Бугарија во преговорите со ЕУ

Грчкото вето за Албанија е пример што може да очекува Македонија од Бугарија во преговорите со ЕУ

Грчката блокада на албанските проговори со Европската Унија, е навестување за Безброј вета за Македонија, кои се можни, не само од Бугарија туку од која било земја членка на ЕУ, доколку земјава го продолжи евроинтегративниот пат по оваа преговарачка рамка. Според поранешниот амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев, источниот сосед може да прави блокади во македонските интеграции за секое историско прашање кое произлегува од билатералниот договор, споредено со ветото кое Грција и го испорача на Албанија. Имено, грчките власти го блокираат патот на Албанија затоа што тамошните власти го приведоа градоначалникот на Химара, Фреди Белери,  кој е етнички Грк, со обвинувања за предизборна корупција, а Атина шест месеци обвинува за прекршување на неговите права.  

  • Ако остане во преговарачката рамка Договорот за добрососедство и пријателство, со сите негови одредби, тогаш може да се очекуваат безброј вета, затоа што за секое историско прашање во Протоколот, едногодишните протоколи. Ако остане вака договорот, тие можат да вложат вето по секое историско прашање. И тоа може само Бугарија да го вложи, па ние да чекаме дури 90 дена да се произнесе Европскиот Совет, Советот на Европа, односно дали ќе го прифати или не. Советот за општи прашања, па Советот на министерства за надворешни работи, па Советот на политичките лидери, едноставно ветата се можни секогаш, и тоа не само од Бугарија, нашата преговарачка рамка отстапува од европските стандарди. Таа е уникатна и штетна по нашиот преговарачки процес“ вели за Алфа, поранешниот амбасадор во Софија, Марјан Ѓорчев.

Поранешниот амбасадор смета грчкото вето за Албанија ќе ја стагнира евроинтеграцијата на Тирана со оглед дека е болно прашање за грчкото малцинство во југот на земјата. Но, споредува дека и македонското малцинство е во лоша ситуација бидејќи властите во Скопје не реагираат за бугарската економска асимилација.  

  • Проблемот на ветото е проблем на ЕУ. Ова беше очекувано од Грција, проблемот на грчкото малцинство на југот од Албанија, тоа е проблематично прашање, и ова со градоначалникот на Химара ќе биде еден проблем кој што Албанија тешко ќе го надмине. Тука треба да се спомене и прашањето за македонското малцинство и тоа што не раеагира во Албанија е грешка бидејќи таму се врши економска асимилација од страна на бугарските служби кои што Македонија со нота треба да реагира до Албанија, при пописот да се запазат сите законски прописи со кои Македонците ќе се изјаснуваат како Македонци“ вели поранешениот амбасадор Ѓорчев.

Аналитичарите се со став дека Македонија и Албанија во пакет наместо да почнат преговори да останат  во европската чекална, се додека не ги решат билатералните прашања.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста