Граѓаните против избори во Јули, бараат и итно враќање на строгите мерки за излез од кризата

Ќе ги послуша ли власта граѓаните кои се во паника за  алармантната бројка на заразени и починати и ни од далеку не размислуваат за избори? Граѓаните револтирани и незадоволни за избрзаните одлуки на власта – бараат итно воведување на строгите мерки за стабилизација на состојбата.

Идеата на Заев за избори на петти Јули покрај критиките од голем дел од лекарската фела, наиде и на остри рекации кај граѓаните, велат сега е најважно здравјето на луѓето, а не кој да седне на функционерките фотељи.

Од денот кога беше евидентиран нулта пациентот, вчерашниот ден е на второ место по бројот на заразени. На врвот е 15 април, кога беа регистрирани 107 лица. Регионот со најголем број новозаболени е Скопје, но состојбата станува алармантната и во Штип.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста