Граѓаните ги празнат полиците во маркетите стравувајќи од ново покачување

Од денеска се поскапува. Стапува на сила Одлуката за утврдување на највисоката трговска маржа. Граѓаните во паника уште синоќа ги испразнија полиците во маркетите, додека оние кои денеска одлучија да ја „наполнат“ кошницата,  како што велат, се соочија со покачени цени. Велат, недостигаат и дел на продукти како зејтин или брашно .

Властите пак уверуваат дека одлуката ќе ја стабилизира економската ситуација, а  ценовни шокови немало да има.  Причина за недостиг на продукти во маркетите викендов, како што рече Бектеши,  било манипулативното повлекување на производи од страна на трговците.

Нема да има притисок врз цените.Во викендот што измина немало паника од страна на граѓаните. Од страна надлежните институции утврдено е дека дел од трговците сами ги повлекле производите се со цел денеска да ги вратат назад со нови цени . Одредени производители ги зголемиле цените. Денеска е само првиот ден, а наредните дена сите ќе ги вратат цените кои се утврдени, истакна Министерот за економија Крешник Бектеши.

Од утринава на терен е и Државниот пазарен инспекторат  кој врши контроли и инспекции. Веќе е утврдено дека имало големи маржи во дел од продавниците. Казните кои ќе следат за трговците кои не се придржуваат до Законот за трговија се движат и  до 10. 000 евра во денарска противредност.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста