Градоначалникот на Лозово со скандалозни навреди кон новинарката на Алфа

Скандалозен однос на градоначалникот на Лозово кон новинарите. Недолично однесување и партиски квалификации си дозволи Ацо Велковски, откако Алфа побара одговор на прашањето зошто и по два месеци од свеченото отварање на новата градинка„Срцко„, таа е се уште под клуч. Но наместо конкретен одговор  на  за него незгодното прашање, не окфаливикува како партија, најверојатно поради фактот што ја бараме вистината. Одкако му се преставивме и му поставивме прашање, по краткиот одговор ни го затвори телефонот.

Дека градинкатане работи Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, дозна од медиумите. Беше изненадена, бидејќи како што тврди овој објект ги исполнува сите услови за успешно функционирање..

   „Јас немам информации дека новата градинка се уште не работи зато што ние како Министерство за труд и социјална политика бевме на свеченото отварање.Тоа е прва градинка во ОПштина Лозово којашто е независна од клонот на Општина свети Николе под кој припаѓаше. Станува збор за убав објект изграден по европски стандарди за сместување на деца од предучилишна возраст . немам информација дека не е почната со работа.Ќе го повериме, меѓутоа нема никаква пречка градинкат да не работи„-изјави Шахпаска, вчера во Виница.

Зошто и по два месеци од свеченото отварње, објектот е под клуч, побаравме информација од градоначалникот на Лозово, Ацо

Има уште неколку прашања поврзани со детската градинка „Срцко„ на кои дополнително ќе се бара одговор од надлежните институции.

  Велковски е градоначалникот кој е познат по вршењето мобинг на вработените во Локалната самоуправа, па поради тоа  и премиерот Заев јавно му порача да не се прави локален шериф. Истовремено ветуваше  и вработување на Атиџе како туристички водич.  Во јавноста ќе остане запаметен и по тоа што на наградната игра организирана од Општина Лозово, главната награда електричен шпорет се падна на неговата ќерка. 

Александра Ристевска

https://youtu.be/wgJ67gOODpI
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста