Градежна експанзија во Градиште, се заѕидува крајбрежјето на Охридското езеро

За да го соберат срамот што зад себе го оставаат нашите сограѓани,10-тина ентузијасти веќе една година организираат акции за чистење на нашиот туристички бисер.Ги крена на нозе грдата слика којаградот на Унеско го претвора во депонија.Охрид се гуши во смет, купиштата ѓубре се расфрлани на најубавите крајезерски, планински предели и излетнички места во рамки на Националниот парк Галичица.Човечката рака фрла каде што ќе стигне, диви депонии има во градот и околината.

Се’ повеќе се отваараат жаришта каде што навистина оние чисти предели каде што има изворска вода,каде што има ендемични видови на растенија и тн, се наоѓа најразноразен отпад од комунална природа.Тоа се несовесни наутичари, имаме сознание дека некои луѓе тука правеле бавчи, чувале кози и гледате дека се што донесле никогаш не однесле назад – Горан Устијаноски – ЕКО ФАП.

Дека не знаемеда го цениме градот,говори и фактот што состојба е алармантна и во езерото. Бранот ја исфрла на површина ниската свест и негрижата на локалното население кое во речните корита и езерските води исфрла не само пластика, туку дури и кабаст отпад кој со чамци го фрлаат и на поголема длабочина.

Трпејца има на пример еден бојлер што не го имаме уште извадено, тој е на 10-тина метри од брегот.Е,сега имаме ние една иницијатива тој бојлер сакаме да го пренамениме во скара да го направиме за да не го депонираме по нашиве депонии, како што гледаме функционираме како во 16 век, ѓубрето се депонира и се пали – Никола Паскали – екологист.

Со депониите мака мачи и соседна Струга,таму започна судскиот процес за дислокација на дивата депонија оддалечлена само километар од градот.Во вештачењето кое е направено на барање нана Македонското здружение на млади правници кои всушност и ја поднесоа тужба против Министерството за животна средина, Општина Струга и Ј.П. „Комунално“ меѓудругото стои декапонатамошното постоење на депонијата ќе произведе позначителна штета врз здравјето и животот на луѓето.

Една од мерките е забрана за депонирање на коминален отпад од проста,практична причина што не гледаме никаква логика да се запопчне со постапка за дислокација на депонијата, а во меѓувреме на истата лоакција дополнително да се одлага коминален отпад –  вели адвокатот Глигорие Ќатоски.

И додека младите правници бараат одговорност,правниот застапник на општина Струга вели дека во Македонија повеќе се умирало од употреба на сол,шеќер и брашно отколку од дивите депонии.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста