Годинава коронавирусот ја прекина традицијата на славење први мај во тетовско

Бројните излетнички места во околината на Тетово кои вообичаено за првомајските празници се преполни со луѓе,годинава останаа речиси празни.На тетовско Бањиче некогаш не можело да се најде место,се правеле седенки, со скари, музика и веселба.Годинава имаше голем број луѓе, но,само рекреативно да прошетаат и да фатат чист воздух,за како што велат на смеа, да го издржат остатокот од денот,затворени дома.

И познатото духовно севтилиште,Лешок, со својата богата историја, прекрасна местоположба, опкружен со природна убавина , претпладнето намами помал број граѓани на прошетка, воздух и игра со најмладите.

Дворот на лешочкиот манастир ниту годинава не остана празен за овој први мај.Сепак, со многу помалку луѓе од вообичаено, колку што се собирале на денешен ден.

Посетителите жалат што годинава поради пандемијата,не можеше да се продолжи традицијата на славење на многу празници, вклучувајќи го и први мај.Во Лешок морало да се дојде рано наутро за да се најде добро место. Сепак,велат, најважно е здравјето.

Годинава на излетничките места недостигаше гужвата,скарите, седенките, детскиот џагор.А, и оние малку посетители кои излегоа во природа, сепак брзаа за да стигнат во своите домови поради полицискиот час

 

Милена Вучевска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста