Финансова полиција поднесе кривична пријава против Лила Стојановска

Финансова полиција ја сомничи Лила Стојановска дека направила кривично дело даночно затајување со парите кои и ги префрлила фирмата ИЗГРАДБА ИНЖЕНЕРИНГ ДАН-МАК, информираа од финансова.

Според истрагата, се утврдило дека Филиповска во три наврати на нејзина сметка добила пари од фирмата, но истите не ги пријавила.

Расположивите парични средства како остварен приход пријавената Лила Стојановска ги подигнала во целост во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017-та година до Управата за јавни приходи.

Таа не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.7 милиони денари, за кој износ го оштетила Буџетот на државата, стои во соопштението .

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста