Граѓаните сакаат реални ветувања, мерките на опозицијата базирани на остварливи постулати

Повисоки плати и пензии „ДА“, но само ако вистински се исполнат, велат граѓаните пред камерата на Алфа во исчекување на подобра живеачка по изборите. Тие велат дека се разочарани од погубните политики од актуелната власт, и бараат промена која ќе ги задоволи животните потреби. Граѓаните се исгорени од предизборните ветувања што не им се исполнети.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ги претстави мерките кои ќе се дел од предизборната програма на партијата. 25% повисокa просечна плата и за 20% повисока просечна пензија е реално ветување според Мицкоски а една од главните главните обврски на влада под негова капа е намалување на невработеноста под 10%.

– Ќе стартуваме од 10%, од кој за 1% ќе имаме намалување во првите 100 дена, што значи рамен данок од 10 на 9%, а во период од две години уште за дополнителен еден процент ќе дојдеме на 8%. Се обврзуваме за обнова кој ќе донесе нов модел на реиндустриализација. Се обврзуваме за обнова која ќе донесе раст на БДП за минимум 4% годишно. Се обврзуваме за обнова која ќе донесе повеќе пари за бизнисот, помалку давачки и бирократија, рече Мицкоски.

Опозицијата порачува дека сите понудени проценти се вистински возможни и ги базирале на сите нивни досегашни предвидувања и остварувања имајќи го предвид долгогодишното владеење на ВМРО ДПМНЕ. Па оттука произлегуваат и заложбите за 90% од планираните капитални проекти, раст на економијата од минимум 4%.

Ако ја добие довербата од граѓаните Христијан Мицкоски посочи дека за бизнисот и граѓаните ќе има повеќе пари. Рече дека целосно ќе се напушти концептот на прогресивен и ќе се воведе рамен данок до 8%.

Ветувањата и остварувањата на минатата власт се јавно достапни. Тогаш остварувањата биле и поголеми, во проценти, но сегашната понуда на опозицијата се креира имајќи ја предвид стагнацијата на економските параметри во последните години од новата власт. Колку за потсетување во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ од 2011, според податоците е исполнета.

– Од 2011 до 2014 година, стапката на невработеност беше намалена од 38%, на 31,8% во 2011 и на 30,6% во 2012, за да се сруши психолошката бариера од 30% во 2013 и да се намали на 28,7% кон крајот на 2014. Во тој период беа креирани 116.155 нови работни места, велат од партијата.

Реалните проекти кои им беа ветени пред граѓаните, беа исполнети и мандатот претходно.

Од вкупно 1.428 проекти, во периодот од 2006 до првата половина на 2011, Владата на ВМРО-ДПМНЕ реализирала вкупно 1.165. Целосно биле остварени 83% од проектите, а заедно со актуелните сочинувале 98% од тоа што партијата јавно ветила дека ќе оствари во текот на своето управување со државата, велат од партијата.

Мицкоски во последното обраќање рече дека предизвикот е голем, проблемите, се многубројни, но со домаќинско работење, сите идеи и планови можат да станат реалност, и младите наместо да заминуваат, својата иднина да ја градат во сопствената земја.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста