ЕУ од 13 декември ќе вакцинира и деца над 5-годишна возраст, што мислат лекарите за ова?

ЕУ од 13 месецов ќе стартува со вакцинирање и кај деца над 5 годишна возраст со вакцините на Фајзер. Потребата да се вакцинираат децата според надлежните е бидејќи тие се и најголеми преносители на вирусот. Кај нас засега ова не се заговара, а вакцинација е можна за децата од 12 годишна возраст. Досега се вакцинирани близу 5380 деца. Лекарите сметаат дека вакцините се безбедни и за децата, но тие сепак не се задолжителни.

На тема вакцинација против Ковид-19 кај децата разговаравме со доцент доктор Мери Киријас од Институтот за имунологија.

Разговрот го водеше Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста