Мицкоски повикува на брзи предвремени избори

Продолжувањето на политичката криза единствено може да биде надмината само со брзи предвремени избори вели првиот човек на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски. По најавите на ДУИ дека во преговорите за обезбедување на мнозинство преку пратениците на Алтернатива, нема да има нов мандатар, туку ќе има реконструкција на Владата на чие чело ќе остане премиерот Зоран Заев, Мицкоски вели тој е заложник на Али Ахмети и на ДУИ.

За него Алтернатива е пред сериозен предизвик да биде дел од најкриминалната и најкорумпираната и најнеспособната Влада или да остане во опозиција и да имаме брзи предвремени парламентарни избори.

А Заев не е само соочен со проблемите за да ја сочува централната власт. По неговата оставка од партиската челна функција дури четири кандидатури пристигна на Бихаќа за негов наследник. Прашањето е дали е ова чин на демократија или незадоволство од политиките на Заев, особено што во трката за нов лидер на СДСМ се пријавија и поранешната подпретседателка Фросина Ременски, актуелниот заменик министер за финансии Димитар Ковачевски , директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и членот на партиската организација Властимир Алексовски. Од СДСМ велат дека од поднесените како уредни се прифатени три кандидатури, а конечната одлука кој ќе ја заземе претседателската функција ќе се носи на Конгрес закажан за 12-ти декември.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста