Eнергетската криза удира и по текстилците, во идниот период без работа ќе останат 4000 работници

Клуч на врата и испуштање на околу 4000 работници , вакво сценарио ни се заканува доколку Владата под итно не излезе со конкретни мерки , алармираат текстилците од Југоистокот. Најавата за покачување на минималната плата ќе удри по овој сектор кој во време на ковид пандемијата го доживеа најсилниот удар. Лично сметаат дека работниците заслужуват и повисоки плати, но компаниите нема да издржат. Бараат воведување на мерки како оние во Србија, Албанија, Грција или Турција  каде што има делумно или целосно ослободување од придонеси , минимум 2 години.

  „Тоа ќе повлече во една компанија од 100вработени, дополнителни 20.000евра трошок. Ќе треба некој на нас да ни помогне барем одреден период. Дали тоа ќе биде делумно или целосно ослободување на придонесите, тоа треба Владата заедно со нас стопанствениците да го разгледаме„ –изјави Тони Пандев,стопанственик

Енергетската криза уште посилен удар ќе зададе  на текстилниот кластер. Поради зголемување на цената на струјата голем дел од приватните добувавачи на струја ги раскинаа договорите со стопанствениците кои наместо по 4 , сега по новата тарифа ќе треба да плаќаат по 11 денари за киловат.

  „Итно Владата треба да интервенира во делот на субвенции за електрична енергија. Ако како пример ја земам мојата фабрика –досега плаќав од 3000-4000евра месечно за струја, сега тоа треба да се множи по 150%и ќе излезе околу 10.000евра само за струја„-изјави Тони Пандев, стопанственик.

Заклучоците од состанокот стопанствеnиците од Југоистокот ќе ги достават до Стопанската комора и Владата. Според последните анализи поради Ковид кризата лани без работа останаа една третина , односно околу 7000 текстилни работници

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста