Ем тепан, ем апсен: Возможно во Македонија- четворица тепачи во бегство, уапсен еден од натепаните

Ем тепан, ем апсен: Возможно во Македонија- четворица тепачи во бегство, уапсен еден од натепаните

Возможно во Македонија. Четворица напаѓачи во бегство, еден од нападнатите уапсен. Со активна мерка „апси“ покрај неговото име на граничниот премин Блаце кон Косово, од слобода бил лишен 39 годинишниот П.Б., вработен во М НАВ. Она што е интересно, е што станува збор за еден од оние кои беа тепани од страна на бандата на Беким Незири, а не кои тепале. Тие и натаму се во бегство и недостапни за органите, а останатите со мерки за претпазливост и без притвор.  

Додека одговори од МВР се бараат на голем број прашања на оваа тема, министерот Оливер Спасовски не сакаше да одговара, било Божиќ па денот не бил за вакви новинарски прашања.

-Ве молам… ве молам, денеска нема да одговарам, кратко кажа Спасовски.

Натепаниот вработен во контрола на летање бил лишен од слобода бидејќи веднаш по инцидентот, тој не бил достапен за органите на правдата да даде исказ за инцидентот. Поради тоа, МВР во соработка со Обвинителството во нивниот оперативен систем ставаиле дознака дека ова лице се бара, а при неговиот обид да ја напушти државата бил приведен.

Според информациите од плоицијата, откако со ова лице е извршен информативен разговор, тоа е пуштено на слобода, но со напомена, да биде достапен за понатамошната истрага за инцидентот во контролата на летање.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста