Скапата живеачка и натрупаните долгови ги тиштат граѓаните, се пожалија дека пандемијата им ги „јаде“ парите

Трошоците растат, сметките стануваат стануваат се повисоки, а на граѓаните во ек на криза не им е дојдено до новогодишни подготовски. Реагираат дека цените на сите производи биле вивнати до „плафон“, па така, не можеле да закрпат крај со крај. Се пожалија дека трошоците за живот пораснале за неколку пати, што значи дека денес платата ни вреди помалку за разлика од лани. Велат и дека повисоките сметки на скоро се не им дозволуваат ни малку да се опуштат во пресрет на празниците.

  • Сѐ што сакам за Нова година е повисока плата, зашто живеачката стана и неколку пати повисока за разлика од лани, велат граѓаните пред нашата камера.

Во годината што измина, поскапе месото за цели 40%, кое само долеа масло на огнот врз и онака тешката живеачка. Зејтинот од 80 се качи на 110 денари, зеленчукот, односно пиперките од 90 на 200 денари, лимоните над 120 денари итн. Ова за граѓаните значи нов силен удар врз домашното ќесе кое, кое според нив, одамна пресушило. Капак на се е и поскапата струја и парно во годинава пред нас.

И уличните продавачи се разочарани од скапотијата. Велат дека ваква, лоша година, не паметат до сега.

За да се ублажи ценовниот шок, од ССМ алармираат дека под итно ни треба зголемување на платите, зашто се живо е поскапено. Велат, државата да ги прифати забелешките на синдикатите во врска со зголемувањето на платите за да не продолжи трендот на осиромашување на граѓаните.

Гувернерката на Народната банка вели дека и во 2022 инфлација ќе има, но таа ќе биде на умерено ниво.

Болната тема меѓу народот и во 2022 ќе биде куповната моќ и стандардот. Граѓаните се песимисти дека ќе се живее подобро.

Натрупаните долгови им тежат на глава на граѓаните.

И додека кај нас пак, високите цени на храната и енергенсите силно удираат по џебот на граѓаните, нема никакви мерки за колку толку да се ублажи ценовниот шок. И покрај благите подобрувања кои најави власта, земјава и натаму останува меѓу лидерите по сиромаштија и иселувања кое зема се поголем замав.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста