Една година од упадот на приврзаниците на Трамп во американскиот Конгрес

Една година подоцна… се уште има отворени прашања за немирите на 6-ти јануари во американскиот Капитол – кој е одговорен за најлошиот напад врз Конгресот во последните два века.

Многу од поддржувачите на поранешниот претседател Трамп тврдат дека прекршувањето не било сериозно, додека критичарите велат дека Трамп ги насочил своите поддржувачи да ја поништат изборната победа на Џо Бајден, ефикасно поткопувајќи го демократскиот процес.

Демонстрантите шетаа низ ходниците на зградата на Конгресот, доведувајќи ја во прашање безбедноста на пратениците и вработените кои се подготвуваа да ја потврдат изборната победа на Бајден.

„Никогаш нема да му простам на претседателот – поранешниот претседател на САД – и на неговите слуги, на насилниците што ги испрати во Конгресот – за траумата што беше нанесена врз нашиот персонал”, изјави спикерката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси.

Претставничкиот дом на САД веднаш започна со постапка за отповикување на Трамп само неколку дена по немирите, тврдејќи дека тој е виновен за поттикнување на бунтот. Но, Сенатот на САД го ослободи поранешниот претседател од тоа обвинение во февруари 2021-ва година.

Пратениците одржаа бројни рочишта за безбедносните пропусти од тој ден. Кон крајот на јуни, Домот на САД формираше специјален одбран комитет за да ги истражи дејствијата на тогашниот претседател Трамп.

Комисијата издаде судски покани за да ги принуди поранешните функционери на Белата куќа и персоналот на кампањата на Трамп да сведочат за постапките на претседателот тој ден и деновите пред нападот.

Се очекува комитетот да објави извештај за својата истрага, но наодите не се правно обврзувачки.

Во американските судови, 704 лица се обвинети на федерално ниво за прекршоци обвиненија до посериозни обвиненија, вклучително и насилство против органите на прогонот и членовите на медиумите.

Петмина присутни на бунтот на 6-ти јануари загинаа. Прашањето за кое сè уште се дебатира е дали хаосот се разви спонтано или е дел од планираниот бунт во режија на тогашниот претседател на САД.

Од Гласот на Америка за Алфа, Јованчо Наумоски во Вашингтон.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста