Божиќ во Тетово традиционално дочекан под маски покрај маалските огнови

Најмалите, маскирани, пеејќи ја песната б’дња баба уште синоќа го најавија Христово раѓање. Тетовци живеат за Бадник и сите чешитни адети во неговото чествување.Ако во другите градови на овој ден семејството е дома покрај посната трпеза, Тетово вечерта на Бадник е под маски- покрај маалските огнови, по кафулињата, рестораните, улиците, се до зори.

 Ликови од цртани филмови, политичари,луѓе од секојдневниот живот. Низ тетовските улици синоќа продефилираа најразлични маски.Традицијата велат, мора да продолжи.

Иако ,градот сеуште нема стратегија-како за овој традиционален маскембал и специфичен начин на чествување на Бадник, да се слушне и многу пошироко, сепак, Бадникарскиот карневал опстојува со години и се пренесува од генерација на генерација веќе неколку децении.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста