Две нови жртви на корона, Филипче вели може да се очекува пораст на смртноста во наредниот период
Две нови жртви на коронавирусот. За една недела шест смртни случаи во Македонија, министерот Филипче вели во наредниот период може да се очекува пораст на бројот на починати. Еден од починатите за жал е лице на 31 годишна возраст, што според Филипче, покажува дека никој не е имун на оваа смртоносна болест. Тој изразува задоволство што кривата на новозаразени не оди нагоре последниве денови, но сепак вели да останеме внимателни.
-Ни претстои за жал период во кој што ќе расте и бројот на починати, за ова сите мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и еден млад човек кој што почина, тоа е доказ дека вирусот не штеди, никој не е имун, ниту е заштитен. Ние во последните неколку дена забележуваме зарамнување на кривата, но ништо не би кажал засега не би го коментирал тоа освен што сакам да кажам дека сме внимателни и оптимисти, изјави Филипче.
Она што загрижува во овој момент е што кај две од шесте починати лица, позитивните тестови се појавија дури по смртта. Иако Светската здравствена организација порача масовно тестирање на целото население, Филипче вели во моментов епидемилиозите сметале дека такво нешто не е потребно во момкентов
-Прво може да даде несоодветни резултати заради тоа што тие тестови се уште помалку сензитивни, значи може да даде лажна слика и да ги олабави на некој начин луѓето, кој што ќе добијат таков по можност лажен резултат и да не се почитуваат мерките, изјави Филипче.
Во последните 24 часа на територијата на Македонија регистрирани се 16 нови случаи позитивни на Ковид 19, со што бројот на заразени порасна на 257, најголемиот дел од Скопје.
Матеја Петровски