Почина уште еден пациен, а регистрирани се нови 26 случаи на коронавирус во земјава

Утрово на Клиниката за инфективни болести во Скопје почина пациент на 79 година возраст , од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на Ковид-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 26 нови случаи на коронавирус во земјава, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19, до 12.00 часот денеска, изнесува 285 лица.

Денеска од  Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на Ковид-19  имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.