Два авиона носат македонски граѓани од Љубљана и Минхен

Илјадници македонски граѓани се уште се заглавени низ светот и чекаат државата да организира како да се вратат дома. Најкритично е во Италија, каде што огромен е бројот на македонци, но податоци за нивната бројка и како, и кога би се вратиле од МНР засега, одоговор немаат.

Покрај Италија, многу македонци се заглавени и во Шпанија и Франција но и за нив нема информации како би се вратиме дома.
Досега патниците што со авионски превоз на “Визер” се вратија во државата се од Малта и Хрватска, станува збор за 290 патници, во текот на денешниот ден пристигнаа околу 130 патници од Љубљана но се очекува уште еден авион да пристигне од Минхен, додека за утре се најавени два лета од Германија, од Берлин и од аеродромот Келн Бон.

Откако ќе пристигнат во земјава, сите се распоредуваат во карантин во повеќе капацитети низ земјава.

Надлежните информираат, дека во државниот карантин досега се обезбедени 2.104 легла во вкупно 19 објекти, а досега се пополнети 1.082 легла. Останува непознат бројот на лица однесени во карантин поради непочитување на мерките за изолација и самоизолација.

Инаку, досега над 5.000 граѓани побарале враќање дома, а само половина од нив се согласиле да одат во карантин. Според условите, патниците самни си ги плаќаат билетите за авионскиот превоз, кој се утврдува со поделба за вкупниот трошок на летот, со бројот на патниците кои се превезуваат во авионот.

Трошоците за карантинот пак целосно се покриени од државата. За оваа намена државата издвојува по 10 евра дневно за сместување и три оброци. На јавниот повик на Владата за отстапување на приватните хотелски капацитети за потребите на карантинот, досега се одзваа повеќе хотелиери. Двата на Ибис во Скопје, Фламинго во Гевгелија, Епинал во Битола, Михајлово во Кавадарци. До утре на пладне трае и повикот од Владата да се пријават и други хотелиери кои што би ги отстапиле своите капацитети за потребите за карантин.

 

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста