Двајца Бугари вработени во ЗК Пелагонија дошле од Италија во Македонија без симптоми, остануваат во домашни услови под постојан надзор од битолските епидемиолози

Двајца бугарски државјани кои биле во Италија денеска се вратиле во Битола, каде работат во ЗК Пелагонија. Откако ја преминале границата веднаш се јавиле во Институтот за јавно здравје во Битола. Оттаму, согласно утврдениот договор и препораките од министерството за здравство, иако немаат никакви симптоми, затворени се во домашни услови под здравствен надзор. Битолските епидемиолози битолските епидемиолози секој ден ќе ги посетуваат и ќе ја следат нивната состојба.

Во меѓувреме, како што дознава Алфа, одлучено е од утре да не се пуштаат патници кои доаѓаат од ризичните подрачја, преку преминот Меџитлија, ами ќе бидат препраќани преку преминот Богородица. Ова во телефонски разговор за Алфа го потврди директорката на Центарот за јавно здравје од Битола.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста