ДУИ и СДСМ не можат еден без друг: Само така може да се спасат од кривична одговорност за коруптивните скандали

ДУИ и СДСМ не можат еден без друг: Само така може да се спасат од кривична одговорност за коруптивните скандали

Соочени со дебакл на изборите, спасот од сите коруптивни скандали и кривична одговорност, СДСМ и ДУИ ќе си го бараат во меѓусебна поддршка и заеднички настап на парламентарните избори, сметаат дел од познавачите.

Како противтежа на ова се појави идејата на албанската опозиција за здружување. Тоа е придвижување во добар правец, но не и гаранција дека ќе дојде до пад на ДУИ, вели за Алфа поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини.

А причината е веќе позната, тоа е партнерството на двете главни владејачки партии, што според одредени пресметки би значело дека ДУИ ќе останат своите околу 15 пратеници, а ќе има сериозен пад кај СДСМ, но и проблем за коалицирање на идната победничка партија на изборите.

-СДСМ спасот го гледа само во потпирање на поддршката од ДУИ, затоа сите овие скандали што се случуваат сите овие денови и овие месеци, се обидуваат да ги потурат со пепел само за да не дојде до отворање на нови, и овие постојните корупциски скандали кои директно го компромитираат Али Ахмети, изјави Хајредини.

Според Хајредини јасно е дека СДСМ сами никако не можат да дојдат до победа, а тоа го покажуваат и последните анкети, па некаква сламка за спас ќе бараат во предизборно коалицирање.

-Не затоа што се сигурни во тоа дека ќе има успех, меѓутоа тие немаат варијанта друга, СДСМ очигледна дека самата не може, анкетите го покажуваат. Па и сами гледаме Македонија е мала, секојдневно сме го контакти со кадри од СДСМ, тие шанси без ДУИ немаат, изјави Хајредини.

При самостоен настап и ДУИ не може да биде сигурен во победа, Она што може посебно да го загрижува се и рејтинзите кај политичките партии во албанскиот блок. Каде здружената опозиција на Билал Касами, Африм Гаши и Изет Меџити има речиси ист рејтинг како и партијата на Али Ахмети. Имено довербата во ДУИ е 5,6 проценти, додека во опозицијата 5,1, покажува последната анкета на ИПИС.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста