Државно политичкиот врв со едногласна осуда за руската инвазија на Украина

Македонскиот државен воен и полоитоќкли врв со осуда за руската инвазија на Украина. Се приклучуваат на европските земји кои ги зголемија санкциите за официјална Москва како продолжение на рестриктивните мерки воведени уште во 2014-та. Советот за безбедност кој го свика шефот на државата Стево Пендаровски ги осуди воените дејствија кои Русија ги презема над Украина, кои веќе донесоа загуба на човечки животи и материјална штета.

Членовите на Советот констатираа дека безбедносната состојба во земјата е стабилна. Потребно е надлежните институции да продолжат да ги следат состојбите и да изготвуваат можни сценарија согласно развојот на настаните, со цел навремено дејствување. На седницата беше информирано дека земјава има доволно стокови резерви и енергенси, е заклучокот на членовите на Советот.

По итната седница, Владата го задолжила МНР преку Постојаната мисија при ЕУ во Брисел, да извести дека Македонија се придружува кон новиот пакет на рестриктивни мерки на Советот на ЕУ.

Во оваа фаза таргетираните рестриктивни мерки опфаќаат таргетирани мерки за утврден број лица од политиката и бизнисот кои одиграле улога за настанатата ситуација во Украина и за нив се воведува забрана за патување низ земјите на ЕУ, како и забрана за пристап до финансиските фондови на Унијата. стои во соопштението од влада.

Спикерот Талат Џафери кој е дел и од Советот за безбедност предупредува дека последиците ќе бидат далекусежни, не само од воен аспект, туку и од економски, и ќе се одразат врз регионот и пошироко во меѓународен контекст.

Со осуда се јави и премиерот Димитар Ковачевски, вели дека војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата кон Украина била закана за европскиот и светскиот мир.

„Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина…Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои директна закана за безбедноста на Македонија, пишува Ковачевски.

И првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ , Христијан Мицкоски ја осуди ситуацијата во Украина и во статус на Фејсбук пишува дека територијалниот интегритет на Украина мора да се почитува.

Територијалниот интегритет на Украина како и на секоја суверена земја е константа и мора да се почитува, а сите различни ставови во поглед на актуелните прашања да се решат по дипломатски пат. Жалам што не можам да сторам повеќе, а се би дал да можам да спречам страдање на цивилите и невини човечки жртви, вели Мицкоски.

Во однос на македонските граѓани кои се наоѓаат во Украина, државата ги презела неопходните мерки за нивна безбедна евакуација, како и на вработените во нашата амбасада во Киев.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста